Пристигаат телефони со Tegra 3
Најкасно следниот месец ќе почне испораката на паметни телефони кои ќе работат на четиријадрената Tegra 3, рекоа од nVidia инвеститорите во текот на телефонската конференција. nVidia односно мобилните произведувачи ќе ги претстават ваквите уреди на крајот на овој месец на Mobile World Congress во Барселона, а веќе во текот на следниот март би требало да се почне со испорака на тие телефони или таблети.
Huang најави дека во текот на оваа година ќе се претстават и ЅоС кој ќе има интегрирана подршка за 3G/4G LTE мрежа, одека актуелните модели на телефони и таблети користат чипови кои се оддвоени од процесорот. На интегрирањето подршка за 4GLTE работат и во Qualcomm, конкурентот на nVidia на пазарот на процесори за паметни телефони и таблети.
Со оглед дека од неколку различни извори во текот на последните месеци можевме да прочитаме дека на овогодинешниот MWC, HTC ќе претстави паметни телефони кои ќе работат на четиријадрените процесори, а доста веројатно е дека баш нивните телефони, а веројатно и уредите на некои други произведувачи ќе работат на Tegra 3.



