Acer Iconia Tab 510 доаѓа во Март
Официјално објавен оваа недела во Европа Acer Icona Tab 510 се очекува да биде пуштен во продашба веке следниот месец во Франција. Освен тоа, фановите на Андроид кои живеат во франција ке можат да ја купат само WiFi варијантата на овој уред за 399 евра($525).
Acer Iconia Tab 510 ќе биде предложен во две бои – сребрен и црн, заедно со редица додатоци, за кои сеуште нема детали. Нема информации кога Iconia Tab A510 ќе биде достапен и во другите европски земји.
Истото се однесува и за Северна Америка, бидејќи таа е важен пазар за таблетите на Аcer. Но откако ќе биде пуштен во продажба во Европа, наскоро после тоа се очекува да се појави и во Америка. А што се однесува до цената се очекува да биде пониска во Америка во споредба со онаа што ќе биде во Европа.
Oткако карактеристиките на Acer Iconia Tab 510 не се разликуваат многу од Iconia Tab A700, кој беше претставен минатиот месец, единствената разлика помеѓу овие два таблети е дисплејот. Додека Iconia Tab 700 e со 10.1 инчен дисплеј кој подржува 1920х1080 резолуција, резолуцијата на новиот таблет е само 1280х800.
И двата таблети се со оперативен систем Google Android 4.0 Ice Cream Sandwich и четиријадрен nVidia Tegra3 чипсет. Iconia Tab 510 го има со меморија од 16,32,64GВ. Тој исто така вклучува и 1GB RAM и слот за microSD картици. На задната страна овој уред ќе има 5 мегапикселна камера и ЛЕД блиц, која има подршка и за видеозапис, а на предната страна втора камера наменета за видео разговори.



