Google веќе подготвува и Android 5.0?
Иако Google неодамна го објави Android 4.0, а денес на него работат многу малку мобилни уреди, а се појавија и информации дека оваа компанија подготвува и негов наследник. Ако информациите кои се објавени на DigiTimes се вистински, тогаш Android 5.0 (Jelly Bean) ќе можеме да го очекуваме за три до четири месеци.
Причината поради која Google сака да побрза со издавањето на понови верзии е стравот од излегувањето на Windows 8 кој нема само да работи на компјутерите туку и на таблетите, а познато е дека Google и Android не се најдобри кога станува збор за овој пазар.
Во Android 5.0 би требало да биде интегриран и Chrome OS, оперативниот систем на Google за компјутери така што и Android во иднина може да се најде на компјутери, таблети и телефони па дури и телевизори. Сепак Android 4.0 е сеуште недостапен за поголем број на корисници тешко е да се поверува дека Google наскоро ќе издаде нова верзија на својот оперативен систем.



