iPad 3 доаѓа со 8 мегапикселна камера
Како што сме се поблиску до претставувањето на новиот iPad 3, што се очекува да се случи на 7-ми март, се појавуваат се повеќе гласини за новиот таблет на Apple. Веќе слушнавме за многу работи кои ќе се најдат во новиот iPad 3, но информациите не престануваат тука. За сликата која ја гледате подолу се тврди дека на таа слика е вистинскиот iPad 3 таблет. NextMedia известува за новите спецификации на новиот таблет на Apple, кои воглавно ќе бидат исти како на iPad 2. Денешните информации се совпаѓаат со оние кои се појавија порано – Retina екран и A6 quad-core чип е онаа што е веќе познато. Сепак, една нова и многу важна информација вели дека овој таблет ќе има камера од 8 мегапиксели на задната страна, што ке доведе до тоа дека ќе имаме таблет со супер камера на пазарот.




