LG изненадува со новиот Оptimus Vu
Веќе скоро сите имаме видено видеа и слики на хибридниот уред наречен LG Optimus Vu, кој се очекуваше да биде прикажан официјално на МWC 2012. Но денес компанијата LG го претстави производот во Јужна Кореа. Сите превремени детали се потврдуваат.
Паметниот LG Optimus Vu е “надарен” со 5 инчен IPS – дисплеј и резолуција од 1024 х 768 и однос на страните 4:3. Густината на сликата е 256 PPI, кое е малку помалку од онаа на Samsung Galaxy Note ( 285PPI ). Нестандардно за овој паметен телефон е форматот на екранот кој е 90,4мм, поширок од оној на Galaxy Note 83мм и го прави уредот на некој начин неудобен за држење во рака. Во исто време, Vu ( 8,5mm) е малку потенок од својот конкурент (9,7мм), но кога ќе се зема во предвид телефонот, разликата е скоро незабележителна.
Другите карактеристики на Оptimus Vu се : двојадрен 1,5 гигахерци централен процесор Qualcomm Snapdragon MSM8660, графички процесор Аdreno 220, вградена меморија за зачувување на податоци со капацитет од 32 гигабајти, 8 мегапикселна камера, монтирана на задниот дел со автофокус и ЛЕД-светилка како и предна 1,3 мегапикселна камера за видео разговори, подршка за стандардите LTE, HDMI, DLNA, Wi-Fi и Direct T-DMB. Капацитетот на батеријата е 2080 mAh, а големините на уредот се 139,6 х 90,4 х 8,5мм и тежина – 168гр.
Овој паметен телефон работи со Android 2.3 Gingerbread со можност за надградба до Ice Cream Sandwich. Во јужна Кореа продажбата на Оptimus Vu ќе бидат овозможени од телекомуникациските компании SK Telecom и LG+. Почетокот на продажбата е планиран за во Март, а центата сеуште не е објавена.



