Windows 8 доаѓа со ново лого
Како што се ближи времето до објавувањето на пробната верзија на Windows 8, се појавуваат се повеќе информации за него.
Последните информации се однесуваат за изгледот на логото на Windows. По речиси 20 години, старото добро лого на Windows ќе биде заменето со едноставни закосени сини правоаголници, поделени на четири дела.
Покрај информациите за новото лого на Windows, последните денови се појавија и информации дека Windows 8 ќе го исфрли копчето „Start“ од Windows-от. Се појавија и гласини за интеграцијата на Windows 8 со нова верзија оперативен систем за мобилни уреди Windows Phone кој ќе го носи името Apollo.
Се очекува Microsoft да претстави јавна пробна верзија на Windows 8 на манифестацијата Mobile World Congress, која се одржува од 27 февруари до 1 март во Барселона.




Too ama e grdo