Windows 8 можеби ќе има вградена поддршка за PDF документи
Во последната верзија на Windows 8 можеби ќе има вградена поддршка за PDF документите кои ќе можат да се отварат без инсталирање на дополнителен софтвер како Acrobat Reader од Adobe.
Во моментот повеќето од корисниците го користат софтверот од Adobe, кој може да се користи како додаток за интернет прелистувачите или како самостојна програма. Без соодветна програма PDF документите не можат да се прочитат преку оперативните системи на Microsoft. Гигантот веќе најави дека сака да ја отстрани потребата од дополнителни плагини во својот веб прелистувач, а првиот чекор во таа насока ќе биде Internet Explorer 10, кој нема да поддржува надворешни податоци кога работи на Metro интерфејсот. Тоа подразбира вградена поддршка за PDF.
Неодамна Microsoft објави публукација посветена на ARM верзиите на Windows 8. Таму стана јасно дека оперативниот систем нема да поддржува никакви додатоци доколку е инсталиран на ARM базирани уреди.
Вградената поддршка за PDF ќе ја олесни работата на крајните корисници, бидејќи тој формат е многу популарен и се користи за разни формулари, документи, книги, весници и списанија.




